Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО

Денеска (07.04.2026) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ “Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на РС Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога.

По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, од слобода се лишени седум лица, од кои четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на 15 локации на подрачје на Скопје, Струмица и Штип.

За време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.

Преземањето на соодветни мерки и активности продолжуваат и понатаму во насока на обработка и вештачење на одземените предмети кои потекнуваат од кривично дело, потоа спроведување на лицата пред судија на претходна постапка, како и поднесување на кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од КЗ.

Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
