Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини за проневера од 700.000 евра

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е уапсен во утринската полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство. Сејдини се товари за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА.
Според првичните информации, станува збор за проневера на 700.000 евра, пари кои биле наменски доделени од европската фудбалска куќа за поддршка на македонскиот фудбал, конкретно за изградба на трибина на стадионот во Охрид.
Неофицијално клучниот момент за отворање на оваа истрага било доаѓањето на новото раководство на ФФМ. При преземањето на функциите, новото раководство ги забележало неправилностите во финансиското работење на претходната гарнитура и случајот го пријавило во МВР. Ова апсење доаѓа како кулминација на долгогодишните шпекулации и скандали што го следеа старото раководство на ФФМ, кое сега се соочува со правни последици.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
