Македонија
1. July 2026 - 14:11

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив

На 30.06.2026 во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив.

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави.