Тврдината во Алепо оштетена во експлозија на бомба

Експлозија на бомба во тунел во близина на тврдината Алепо денеска оштети еден од ѕидовите на средновековното утврдување, што се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, јавуваат сириските медиуми.
Во експлозијата е оштетен дел од ѕидот на тврдината од 13. век во центарот на градот, јави државната агенција САНА и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
- Силна експлозија се слушна во сабота по полноќ, предизвикана со кревање во воздух на еден од тунелите во Стариот град, во близина на тврдината Алепо, се наведува во соопштението на сириската опсерваторија.
Засега не е познато кој стои за нападот. По експлозијата веднаш почнале судири меѓу бунтовниците и владините сили, кои се борат во северниот сириски град, изјави шефот на организацијата Раами Абдел Рахман.
Државната агенција САНА јави дека тунелот е кренат во воздух од терористи, како што сириската влада и медиуми ги нарекуваат разните оружени групи што од 2011 година војувата против претседателот Башар ал Асад.
Алепо изминатите три години е поделен на западен дел што е под контрола на владините сили и источен дел, под контрола на бунтовниците.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
