-->
-->
Тврдења во медиумите: Путин има тајна армија во Германија?
-->

Рускиот претседател Владимир Путин ја контролира мрежата на елитните борци на Западот преку училиште за обука низ кое минуваат и руските разузнавачи, според западноевропските медиуми.
Тајната за армијата специјалци на Путин се појави кога Борис Рајтшустер, автор на книгата „Скриената војна на Путин“, повикувајќи се на студија на една западноевропска разузнавачка служба, објави дека шефот на Кремљ преку училиште за руска борена техника ги контролира единиците во германија и другите земји во западна Европа.
Иако во поголемиот дел од овие училишта се обучуваат обични спортисти, во позадина конците наводно ги влече руската воена разузнавачка GRU и Руското воздухопловство - ренџер единица (специјална единица VDV).
Училиштата ги водат поранешни агенти и припадници на руските специјални единици. на тој начин тие служат како ссовршено покритие за тајните активности.
- Овие борбени единици во земјата на непријателот се р`бетот на скриената војна на Путин против Западот - тврди авторот на биографијата за Путин.
Единиците за кои зборува Рајтшустер, според пишувањата на британските медиуми, се подготвени за борба очи во очи, ударци со раце и нозе, но и борба со ножеви, а не постојат ниту строги правила. Исто така медиумите, тврдат дека голем акцент се става на импровизација и интуиција за борците да можат да се снајдат во секојдневна ситуација.до кои стигнал германскиот весник "Билд", овие групи делуваат во рамките на движењето „пегида“ и нејзините филијали, како и смислени кампањи за ширење дезинформации меѓу руските Германци. Оние кои се впуштаат со соработка со кремљските групи, тврди Борис, училиштата редовно ги испраќаат во Русија на обука во областа на ракување со оружје, експлозив, како и способности за пренасочување, односно саботажа.
Анализата на германската разузнавачка служба покажала дека целите на овие групи се да предизвикаат нереди и нестабилност, да се зголемат вооружените сили со помош на тајни командоси и да шират недемократски верувања.
Од Кремљ се уште никој не се огласи за овие обвинувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
