Тутунарите задоволни од откупната цена, Груевски најави субвенции и за догодина

Тутунарите кои денеска го предаваа тутунот во Прилепскиот монопол изразија задоволство од откупната цена постигната за оваа година и од субвенциите од 60 денари обезбедени од Владата. Просечната цена за откуп на тутунот во земјава во моментов изнесува 188,5 денари, но на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дел од тутунарите рекоа дека постигнале цена од 196 денари и оти очекуваат таа да достигне и над 200 денари.
- Многу е подобро од пред 10 години, рече еден прилепски тутунар изразувајќи задоволство од постигнатата цена и од условите за откуп особено во последниве години.
Цената е одлична годинава, оцени уште еден од прилепските тутунари, додавајќи дека оваа година и Комбинатот ја зголемил сумата за два до три денари.
На минатите избори, истакна Груевски, кажавме дека фирмата „Филип Морис“ влегува во Македонија и еве го резултатот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборната листа 4 на коалицијата „За подобра Македонија“ на средбата со бројните тутунари кои го предаваа тутунот се интересираше освен за цената и за тоа дали тие се задоволни од Законот за тутун со којшто се подобруваат условите и се гарантира цената на овој производ. Тој истакна дека во изминатите пет години се исплатени 52 милиони евра субвенции за тутунарите во Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
- Оваа година во откупот на тутунот се вклучени шест компании и две дополнително. За оваа и за следната година се обезбедени средства за субвенции за тутунот, а тоа е предвидено и во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и за следните четири години, рече Груевски.
Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува таа да резултира со откупени 18.000 до 19.000 тони тутун.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
