Македонија
27. April 2018 - 12:52

Туск: Застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас

- Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик.
 
Туск рече дека нема подобро место од Скопје за да ја заврши балканската турнеја.
 
- Многу работи се променија од 2015 година, кога доаѓав со партнерите за да се сопре приливот на мигранти. Од тогаш балаканската рута е затворена и така треба да остане, рече Туск.
 
Искажа благодарност на Македонија за запирањето на мигрантската рута, но и за поддршката за случајот Скрипал.
 
- Покажавте солидарност за некои геополитички прашања како што беше случајот во Солсбери. Застанавте до нас  ние ќе застанеме до вас. ЕУ е најголема надеж за вашите траѓани, рече првиот човек на Европскиот совет.
 
Премиерот Заев, пак, кажа дека по ЕК, Македонија сака да ги убеди и земјите членки дека заслужува да добие датум и да ги почне преговорите за членство, а во тоа никогаш била поблиску.
 
- Продолжуваме со исто темпо, реформите ќе станат повидливи и поконкретни, рече Заев, најавувајќи го Планот 18, што се подготвува во соработка со ЕК