Туск за спорот со Грција: Невозможното станува возможно

Невозможното станува возможно е оценка на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во однос на процесот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
- Минатата година слушнав дека е невозможно да се реши ова прашање, но сега сте блиску до успех, рече Туск, на заедничката прес-конференција на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, одговарајќи на новинарско прашање.
Нагласи дека кога Северна и Јужна Кореја успеале да ги приближат ставовите, сигурен е дека ќе дојде до помирување на несогласувњата во регионот.
Изрази задоволство од видливиот напредок во преговарачкиот процес и напомена оти тоа во голема мера се должи на напорите што ги вложува македонската страна.
Во врска со членството на земјата во ЕУ, откако ќе се реши спорот, рече дека земјава ја има целосната негова поддршка на тој пат.
Сепак, додаде дека за тоа е потребна консензуална одлука во Советот.
- Ако сте успешни во решавањето на сложеното прашање за името, тоа ќе биде охрабрување за вашите партнери во Атина, за сите ваши граѓани. Тоа ќе биде најдобар симбол за успех во регионот, рече Туск.
Иванов, одговарајќи на новинарско прашање за името, рече дека не бара арбитража, преговорите веќе се водат во ОН, туку инстирира на паралелно водење на процесот за решавање на спорот и процесот на преговори за влез во ЕУ.
- Кога ги почнуваме преговорите се европеизираме, нам ни е ускратено правото да се европеизираме. Поради таквите блокади се соочуваме со политички кризи, додека другите напредуваат, додаде Иванов.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
