Туск: Откажан Самитот на ЕУ, ќе заседаваат само лидерите од еврозоната

Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск го откажа самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ што денеска попладне требаше да се одржи во Брисел и наместо него закажа самит на лидерите на еврозоната.
- Го откажав самитот на ЕУ. Самитот на еврозоната почнува во 16 часот и ќе трае се додека не се договориме за Грција, соопшти Туск преку својот „Твитер“ профил.
Според тоа денеска попладне во Брисел ќе се состанат само шефовите на 19 држави кои се дел од еврозоната, наместо лидерите на сите 28 земји членки не ЕУ.
Одликата на Туск, според аналитичарите, претставува одраз на решеноста Грција да се задржи во еврозоната, наспроти синоќешниот неуспешен министерски состанок на еврогрупата.
Министрите за финансии од еврозоната по деветчасовни преговори на вонредниот самит во Брисел вчера не постигнаа договор за доделување на нов пакет помош на Грција во замена за реформи.
- Не успеавме да се согласиме, ќе продолжиме утре, изјави пред новинарите холандскиот министер и шеф на еврогрупата Јерун Дејселблум, додавајќи дека постои проблем со довербата во грчките власти.
Состанокот е закажан откако Грција на референдум минатата недела одби да го прифати планот за штедење, како услов за доделување на финансиска помош од Европската централна банка и ММФ. Од денешниот состанок зависи дали Грција ќе биде исклучена од ЕЦБ или ќе и биде дозволено со остри мерки за штедење на остане во еврозоната.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
