Туск: Идејата за „неизбежен судир на патриотизам и глобализам е лажна и опасна“

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави на 74-та седница на Генералното собрание на ОН дека идејата за „неизбежен судир на патриотизам и глобализам е лажна и опасна“. Со тоа реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена дека иднината им припаѓа на „патриотите“, а не на „глобалистите“.
Туск прецизираше дека „патриотизмот од 21 век мора да има глобална димензија“.
Туск нагласи рече дека глобализмот е составен од лидери од минатото кои „ги игнорираат сопствените национални интереси“.
Туск, сепак, потсети дека историјата покажува како љубовта кон нечија земја лесно се претвора во омраза кон соседите.
Тој, сепак, не го спомна името на Трамп, кој беше најгласен меѓу лидерите кои зборуваа на популистички и националистички теми на ГС на ОН оваа недела.
Туск во својот говор рече дека наместо терминот глобализам подобро би го употребил терминот солидарност, што било името на про-демократското движење во неговата Полска во осумдесеттите години на минатиот век.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
