-->
-->
Турската армија изврши напади врз цели на ПКК во Северен Ирак
-->
Турската армија извршила воздушни напади врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во Северен Ирак денеска, соопшти Генералштабот на турската армија, јави турската телевизија НТВ.
Во нападите извршени денеска во реоните на Гара и Хакурк, биле уништени цели на борците од ПКК.
Во изјава на Генералштабот на турската армија е наведено дека турски воени авиони се вратиле во Турција по завршувањето на операцијата, која е оценета како успешна.
Бунтовниците од ПКК имаат бази во Северен Ирак.
Во јули минатата година беше ставен крај на двегодишното примирје меѓу ПКК и турската држава. Оттогаш беа убиени речиси 400 војници и полицајци и неколку илјади борци, според податоци на турската Влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор