Туристичките агенции јавно ќе го соопштат барањето за намалување на штетите од КОВИД-19

Туристичките агенции денеска пред Министерството за економија јавно ќе го презентираат барањето за намалување на штетите од КОВИД-19. Барањето, како што информираат, е веќе доставено до Министерство за економија и до Министерство за финансии, но одговор немаат се уште добиено.
Претставници на туристичките агенции на прес-конференција пред Министерството за економија ќе ја информираат јавноста, но и Владата за проблемите со кои се соочуваат изминативе четири месеци.
Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера, на прес-конференција, соопшти дека Владата предвидува посебна мерка за поддршка на туристичките агенции која би стартувала кон крајот на август или почетокот на септември. Бектеши не изнесе детали, но потенцира дека е целта е директна помош на агенциите во нивните напори да донесат што поголем број странски туристи.
Ново на Сител
-

Законот за минимална плата од 600 евра денеска пред пратениците
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
