Турција во шок: Доживотен затвор за новинарите
Суд во Турција ги потврди доживотните казни за шесте новинари, откако беа осудени за наводно помагање во планирањето на неуспешниот државен удар во таа земја.
-Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во таа земја во 2016 година, пишува Ројтерс.
Мехмет Алтан во јуни беше пуштен од затвор, но денес и на него повторно му беше изречена казна, откако кривичниот суд го отфрли барањето на уставниот суд за негово ослободување.
Британската агенција наведува дека сите шестмина новинари сега ќе ги отслужуваат настрогите доживотни казни, што значи дека немаат право на условно ослободување и дека за нив нема да важат идните одлуки за амнестија
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
