Loading Video...
Свет
19. October 2026 - 12:23

Преглед на вестите од светот

Шестиот ден од протестите во тирана заврши со осумчасовен хаос, пожари, молотови коктели и солзавец.

Со ова, вкупниот број на повредени во уличните судири достигна 295 лица, од кои дури 186 се полицајци.

Според Министерството за здравство, само вчера во болницата за траума биле згрижени 23 лица - 17 полицајци, еден демонстрант, еден новинар и четири минувачи.

Тензиите ескалираа кај Министерството за образование кога студентите фрлаа камења, а полицијата одговори со водени топови и солзавец.

Ескалацијата продолжи пред седиштето на владејачката социјалистичка партија, каде маскирани демонстранти ги искршија прозорците и се судрија со полицијата и вооружени лица кои ги чекаа внатре.

Нередите продолжија пред владата, каде беа кршени тротоарски плочки и фрлани кон полицијата, а демонстрантите запалија и приемни канцеларии во полициската станица „мине пеза“, како и влезовите на министерствата за внатрешни работи и инфраструктура.

Солзавец беше употребен и во близина на седиштето на опозициската демократска партија, чиј лидер Сали Бериша ја обвини полицијата за директен напад врз нивните простории.

Премиерот Еди Рама и понатаму одбива да поднесе оставка.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека земјата чувствува гнев и срам поради раширеното насилство за време на викендот и повика на итно воспоставување на ред во државата.

Макрон ја одби оставката од министерот за внатрешни и му посочи да остане за да се зачува командната линија во рамките на полицијата и безбедносните сили, а исто така побарал од него што побрзо да воспостави нови пристапи за справување.

Она што започна како мирен протест на повеќе од половина милион луѓе поради високите трошоци за живот и условите во образованието и здравството, прерасна во едни од најтешките улични немири во франција во последните години.

Според Министерството за внатрешни работи, уапсени се 2.397 луѓе, а околу 1.000 полицајци и пожарникари се повредени.

Запалено е историското градско собрание во лимож (старо 143 години), опожарена е туристичка канцеларија во Лион, а во Париз и Бордо се забележани бројни грабежи на продавници и ресторани.

Демонстрациите се проширија и во Белгија, Италија и Португалија, а еврото ослабе за 0,5% во однос на доларот.

Градоначалниците добија овластувања за забрана на маршеви каде што е потребно.

Макрон најави и посета на заливот со цел да го обезбеди снабдувањето со гориво, коешто е главен извор на незадоволство.

Бранот насилство доаѓа во критичен момент пред претседателските избори закажани за април.

Авион на австриската авиокомпанија „Аустриан Ерлајнс“ (Austrian Airlines), кој сообраќал на линијата од тел авив кон виена, синоќа итно и принудно слетал на аеродромот во софија поради добиена закана, пренесува агенцијата ДПА.

Во авионот од типот „Ербас А320“ се наоѓале 51 патник и шест членови на екипажот.

Според информациите од израелските медиуми, се работело за сомнеж за закана со бомба, која била примена за време на летот, додека летала се наоѓала во близина на бугарско-романската граница.

По спроведените безбедносни проверки, патниците се пренасочени кон нивните крајни дестинации со други летови.