Турција прогласи специјална зона за безбедност долж границата со Сирија
Турција прогласи 15-дневна специјална зона за безбедност во југоисточниот округ Газиантепе, крај границата со Сирија, информира турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.
Ваквите мерки се преземени за да се помогне во борбата против тероризмот. Со влегување во сила на оваа одлука жандармеријата и полицијата од округот добиваат право да го контролираат движењето на сите превозни средства и луѓе. Кога ќе биде неопходно може да се наложи и забрана за минување преку регионот, познат како Ада, а, исто така, може да се наметнат и други мерки за безбедност.
-Мерките се донесени заради нестабилноста на регионот, синоќа изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред неговото заминување за Туркменистан.
Засега одлуката ќе биде во сила само 15 дена. Развојот на настаните во регионот ќе покаже што ќе се случи по две недели, посочи Ердоган.
Турција ги засили безбедносните мерки долж својата граница со Сирија заради борците на Исламска држава и сириските курдски борци од „Силите за заштита на народот“. Турција соопшти дека сириските курдски сили не треба да преминуваат на запад од реката Еуфрат.
Ново на Сител
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички