Турција им забрани на 20.000 странци влез во земјата во рамки на борбата против ИД

За Турција е неприфатлива варијантата што целата одговорност за борбата против приливот на странски платеници во терористичката група Исламска држава (ИД) и се препишува на неа, изјави денеска Ибрахим Кален, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Во рамки на борбата против ИД, Турција забрани влез на нејзина територија за 20.000 странци. Одговорноста за борбата против приклучувањето странски платеници кон ИД е на сите, истакна Кален.
Тој нагласи дека Анкара презема мерки за отпор кон ИД на своја територија, а исто така извршува и воздушни напади против џихадистичката група во Сирија.
- Продолжува, исто така, и создавањето слободна гранична зона од терористичките групи, имајќи ја предвид безбедносната зона во северниот дел на Сирија, додаде портпаролот на турскиот претседател.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
