Турција досега испратила над 228 тони хуманитарна помош во Газа
Турција досега испрати над двесте тони хуманитарна помош во Појасот Газа и ќе продолжи со посветеноста кон хуманитарна помош за тамошните Палестинци, соопшти Министерството за национална одбрана на оваа земја.
Во координација со меѓународните институции за хуманитарна помош, досега од турска страна се испратени повеќе од 228 тони материјали, информираше Зеки Актурк, портпарол на Министерството.
На 18 декември со авиони А400М и Ц-130 беа превезени 3,5 тони медицински материјал и 21 припадник на медицински персонал. Од друга страна, група од 101 пациент и 106 нивни придружници (од Газа) беа транспортирани во Анкара, потсети тој.
„Нашите повици за постигнување договор и воспоставување мир во Појасот Газа мора да бидат слушнати“, додаде портпаролот на Министерството.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР