Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома, бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.
Ратко Грков, доктор во Итна медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во негова смена, имало пациенти кои се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно консумирале велигденски јајца.
Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при консумирање преостанати велигденски јајца од празникот, до цел да се избегнат несакани последици од консумирање постара храна.
МИА
Ново на Сител
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
-

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
-

Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
