Трудница преживеала пекол - открила дека е алергична на бебето кое го носи

29- годишна Самер од Австралија во деветиот месец од бременоста дознала дека е алергична од сопственото бебе.
Била шокирана кога открила дека болува од ретка алергија, а причината за таа алергија било нејзиното неродено бебе, кое било во стомакот- пренесува „Сан„
Црвениот осип се појавил преку ноќ, недела дена пред да се роди бебето.
Болните црвени линии, најпрвин се појавиле на стомакот, а потоапреминале и на грбот и нозете. Меѓутоа неколку часа после породувањето, осипот поминал.
И било дијагностицирана пренатално состојба позната како полиморфна ерупција на бременоста. Оваа алергија не е опасна за мајката или дете, но предизвика многу болка.
Докторот и рекол дека таа всушност е алергична на своето бебе, и дека видел и други вакви случаеви, но не волку лоши.

-Чуството беше како нешто да ми ползи под кожа, беше многу непријатно. Имав и пликови, кој брзо станаа темни и црвени. Се лупев, затоа што многу се чешав, вели мајката.
Лекарите тврдат дека мајката развила пореметување во бременоста, кое ја довело до алергија кон своето бебе во стомакот. Овој необичен медицински феномен најверојатно настанал затоа што парче од плацентата и влегло во крвта, а организмот го пропознава како туѓо тело и се брани од него.

Ново на Сител
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
