Тројца воени пилоти загинаа во судар на два авиони над централна Украина

Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.
Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
