Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање медицински брод на данската автономна територија.
– Идејата на претседателот Трамп за испраќање американски медицински брод на Гренланд е земена предвид. Сепак, имаме систем на јавно здравје во кој граѓаните имаат слободен пристап до здравствена заштита. Ова е свесен избор, објави Нилсен на Фејсбук.
Нилсен додава дека Гренланд останува отворен за дијалог и соработка со САД.
Трамп вчера на социјалните мрежи објави дека соработува со гувернерот на Луизијана и специјален пратеник за Гренланд, Џеф Ландри, за испраќање медицински брод на Гренланд, територија за која американскиот претседател искажува отвореи апсирации.
Гренланд, Данска и САД минатиот месец започнаа дипломатски разговори за решавање на кризата меѓу нив, по месеци тензии во НАТО поради заканите на Трамп.
Идејата за испраќање медицински брод од САД на Гренланд беше отфрлена и од високи дански претставници.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
