Тројца добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ за 2017 година
Книжевниците Мујо Бучпапај од Албанија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и Панде Манојлов од Македонија се годинашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ за 2017 година, која ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.
На странските добитници им се доделува за заслуги за градење пријателски односи меѓу авторите на Балканот, а Манојлов ја добива за афирмација на македонскиот јазик, литература и култура и за книжевниот пробив во Македонија, арапскиот свет и пошироко.
Наградата ќе им биде врачена на манифестацијата „Струшки кнжиевни средби“ што годинва ќе се одржува на 6-ти, 7-ми и 8 јули во Струга, Охрид и во Вевчани.
Досегашни добитници на меѓународната награда „Струшко слово“ се Валерио Орлиќ (Хрватска) Ѓорѓе Добре (Романија), Васил Тоциновски и Виолета Димова (Македонија).
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници