Трка со времето: 2-годишно дете паднало во бунар длабок 100 метри, 6 дена не можат да го извадат


Припадниците на шпанската служба за вонредни ситуации и натаму се обидуваат да го спасат 2-годишното дете кое во неделата на пладне паднало во тесен и длабок бунар.
Детето Хулен било видено како паѓа во бунар додека со семејството шетало на приватен имот во Тоталан, кај Малага на југот на Шпанија, рекол за медиумите неговиот татко.
Спасувачите не можат да влезат во бунарот бидејќи е широк само 25 центиметри, а се верува дека е длабок повеќе од 100 метри.
Меѓу работите кои спасувачите ги извлекле од бунарот била пронајдена коса, а со ДНК анализа било потврдено дека му припаѓа на детето.
Досега не биле регистрирани знаци на живот.
Мештаните во средата организирале бдеење во знак на поддршка за семејството на детето, а многумина носеле импровизирани плакати со пораките “Цела Шпанија е покрај вас” и “Ви ја праќаме својата сила”.
Спасувачите користат камери во обид да го лоцираат детето, но велат дека пристапот е многу тежок бидејќи земјата делумно го блокира бунарот.
Шпанската полиција соопштила дека вработените во една шведска компанија, која пред повеќе од седум години помогнала да се лоцираат и да се спасат 33 чилеански рудари откако 69 дена минале под земја, пристигнале во вторникот за да помогнат во операцијата за спасување на детето.

Се разгледува и можноста за прокопување на алтернативни канали до дното на бунарот, а службениците соопштиле дека работат на копање на тунел во близина на бунарот.
Бунарот, кој е премногу тесен за во него да влезе возрасна личност, бил ископан пред еден месец, во текот на работата за истражување на вода, а после тоа не бил покриен ниту заштитен, наведуваат локалните медиуми.
Претходно било соопштено дека пожарникарите со помош на камери во понеделникот пронашле кесичка со бомбони, која детето ја држело во раката кога исчезнало.
Кесичката била најдена на длабочина од 75 метри, а спасувачите не можеле да ја спуштат опремата пониско.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
