Триумф над четвртата носителка на Ѓорческа во Роверето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо, совладувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 67 минути игра. Наградниот фонд на турнирот е 115.000 американски долари.
Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.
Во второто коло во среда Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.
МИА
Ново на Сител
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
-

Белгискиот премиер со став дека ЕУ треба да почне преговори со Русија за окончување на војната во Украина
-

Директорот на египетската репрезентација: Салах има скината тетива и ќе му бидат потребни четири недели лекување
-

ЕСПН: Нејмар го пропушти тренингот на Сантос без да објасни зошто
-

Шефот на иранската дипломатија пристигна во Русија
-

РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
