Триесетдневен притвор за двајца осомничени во случајот „Лотос“

Триесетдневен притвор им е изречен на велешаните Б.Х., осомничен дека бил организатор на мрежа на препродавачи на дрога, и А.М., препродавач на дрога, откако вчера по наредба на јавен обвинител беа уапсени од страна на полицијата. Во случајот „Лотос“ се осомничени уште две лица, од кои едниот веќе издржува затворска казна, а другиот е притворен откако минатата недела беше фатен со дваесетина килограми марихуана.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничени се лицата Б.Х., роден 1976 година, кој бил организатор на мрежата препродавачи на дрога, С.А., роден 1989 година, А.М, роден 1969 година и Д.Б., роден 1962 година, кој ја препродавале дрогата на трети лица.
Според соопштението од ЈОРМ, оваа група дилери на дрога, сите од Велес, работела на поширока територија на државата, па, се очекува, поголем број постапки што ќе се спроведуваат против осомничени лица и од страна на надлежните основни јавни обвинителства.
- Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судот му предложи определување на мерка Притвор за двајца од осомничените и тоа Б.Х и А.М. Предлог беше прифатен од судот и со решение на осомничените им е определен притвор во времетраење од 30 дена, стои во соопштението.
Другите двајца осомничени, како што се наведува, веќе беа со изречена казна односно мерка и тоа лицето С.А. е на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело исто така поврзано со наркотични дроги. Осомничениот Д.Б. е во притвор произлезен од друг претходен предмет, по неговото неодамнешно лишување од слобода откако му беа пронајдени дваесетина килограми марихуана.
Истрагата, се наведува во соопштението, продолжува во насока на разоткривање на случајот и прибирање на доказите во предметот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
