-->
-->
Триесет и втори „Мариовско -мегленски културни средби“
-->

Во Мариово денеска ќе се одржат 32-те Мариовско-мегленските културни средби. Како што соопштија организаторите, здружението „Мариовско-мегленски културни средби“ и локалната самоуправа на Прилеп, средбите ќе се одржат во манастирот Свети Илија, во близина на селото Витолиште.
- Со овие средби се негува фолклорното и културно наследство на регионите. Присуствуваат жители од Прилеп и цела Македонија, локалното население и бројни учесници во културно-уметничката програма. Целта и значењето на манифестацијата е зближувањето на жителите од двата региона, Мариово и Меглен, средба на оние кои се иселиле, а засекогаш ќе бидат врзани за родниот крај, како и културна размена во пошироки рамки, изјави Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа.
Средбите ќе бидат отворени од 10 часот на манастирот „Свети Илија“, а во културно-уметничката програма ќе настапат: КУД „Мирче Ацев“ со играорна група од Крушево, Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци и ансамблот на Стевче Стојкоски од Скопје. Свои творби ќе читаат и членови од Друштвото на писателите на Македонија.
Според градоначалникот Марјан Ристески овие средби се потврда на културното зближување на регионите.
- Оваа долго-традиционална манифестација е промоција на традициите и културата од овој крај и потсетување на еколошки најчистиот регион во земјава- Мариово, вели Ристески.
Како што е најавено, ќе се одржи и велосипедски наптревар, како и поставување камп во село Манастир, по што ќе се отвори и Outdoor Festival со проекција на кратки филмови, изложба на фотографии и музичка програма. Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек во манастирот „Св.Илија“.
Значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
