-->
-->
Три средби во кошаркарскиот шампионат на Македонија
-->
Во Првата македонска кошаркарска лига, денеска ќе се одиграат три средби од 10.коло, претпоследно во оваа календарска година.
Досега не поразениот тим на Работнички ќе ја има улогата на фаворит во реконструираниот состав на Карпош Соколи. Оваа средба ќе се игра во терминот од 17 часот, за кога е закажан и почетокот на дуелот во Кавадарци каде Фени Индустри го пречекува Шкупи.
Два часа подоцна (19) во Куманово кај истоимената екипа гостува второ пласираната екипа на табелата гевгелиска Блокотехна.
За утре, од 17 часот, закажани се две средби, Струмица – Гостивар и Кожув – Пелистер, додека мечот меѓу АБА претставниците МЗТ Скопје Аеродром и АВ Охрид ќе се игра на 25 декември поради денешното гостување на шампионот во Белград кај Партизан.
Табела: Работнички 18 бодови, Блокотехна 17, МЗТ Скопје А. 15, Гостивар 15, Куманово 14, Карпош Соколи 14, Фени Индустри 14, АВ Охрид 13, Шкупи 11, Пелистер 11, Струмица 10, Кожув 10
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини