Три навики на среќните луѓе
Кинезите помалку страдаат од рак, депресија, астма и туберкулоза, а тајната за тоа е среќата, пишува бугарскиот портал „Жената“.
Кога се чувствувате вознемирено, одредени правила, принципи и навики можат да Ве направат посреќна личност, но и да ги сведат вашите секојдневни проблеми на минимум. За да го намалите чувството на стрес, како и лошото расположение, се препорауваат следните три нешта…
1. Разберете се себе си и своите чувства
Дефинирањето на одделни свои емоции ја намалува нивната способност да нè преокупираат. Така, само кога ќе сфатиме и признаеме како се чувствуваме, ќе успееме да ги победиме негативните емоции и нивното штетно влијание.
2. Контролирајте ги чувствата
Американскиот невробиолог Алекс Корб тврди дека најголемиот непријател на човекот е неговиот мозок. Секоја емоција се активира во одреден дел од нашиот мозок. Задоволството е можеби најсилна од нив, многу посилна од чувството на срам, гордост и вина.
Стресот е тесно поврзан со центарот за задоволство, па поради тоа нужно е да научиме како да ги контролираме тие емоции и да го опуштаме тој дел од мозокот, како и целото тело. Како тоа најлесно се прави? Доволно е само да се прашате за што сè сте благодарни!
3. Не оддалечувајте се и не ги одбегнувајте блиските
Физичкиот контакт со блиските околу нас е исклучително важен за Вашата среќа. Кога емоционално отфрлате некој човек, тоа остава душевна болка и траги и кај него / неа, но и кај Вас. Емоционалната болка е исто толку битна како и физичката.
Социјализацијата го менува човекот драстично, па така, како што отфрлањето предизвикува болка, прифаќањето нè мотивира на развој. Во таа смисла, физичкиот контакт е еден од главните елементи.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево