-->
-->
Три лица уапсени во БиХ со знаме на „Исламска држава" и големо количество оружје
-->
Полициските службеници од босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА) денеска уапсија три лица, кај кои беше пронајдено оружје и знаме на „Исламска држава", јави Танјуг.
Во три објекти беше извршен претрес со цел да се пронајдат и одземат предмети кои можат да послужат како доказ во понатамошната постапка.
Тоа е продолжение на полициската акција „Дамаск", која има за цел откривање на лица за кои постои сомневање дека се поврзани со радикалниот исламистички тероризам.
СИПА соопшти дека се пронајдени различни видови мини, големо количество муниција, мачети, знаме на „Исламска држава" и пластичен шаблон за цртање на симболите на „Исламска држава".
Акцијата е спроведена по наредба на босанскиот Суд и Обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања