-->
-->
Три часа без струја во Прилеп, Крушево и Кривогаштани
-->

Без струја денеска од 10.47 часот останаа Прилеп, Крушево и Кривогаштани поради технички дефект на трафостаницата „Прилеп 1“ во Прилеп. денеска од 10:47 часот.
Според портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов станува збор за технички дефект на трафостаницата.
- Во 10:47 часот настана технички дефект во собирницата во трафостанциата „Прилеп 1“ во Прилеп и поради тоа Прилеп, Крушево и Кривогаштани останаа без напојување со електрична енергија. Екипите на МЕПСО веднаш интервенираа, бидејќи скада системот на МЕПСО алармираше за дефектот. Градот доби напојување на електрична енергија во 13:27 часот со што дефектот е остранет, појасни Стојанов.
Претходно струја добиле општините Крушево и Кривогаштани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
