Тревога во Тел Авив, се стравува од воздушен напад
„Исламски џихад во Газа неселективно испукува ракети врз цивили низ Израел“, соопшти израелската војска на својот Твитер. „Ќе ги одбраниме граѓаните“.
Палестинските милитанти групи испукаа неколку ракетиврз Израел од Појасот Газа. Проектилите ги пресретна израелскиот противракетен систем Железна купола.
Четириесет и двегодишниот Баха Абу ал Ата, лидер на оруженото крило на Исламски џихад, Бригадите Ал кудс, беше убиен, заедно со неговата жена, во израелски воздушен напад врз нивната куќа во источниот дел на градот Газа, потврдија и израелските и палестинските власти.
Исламски џихад, палестинска екстремистичка организација поддржана од Иран, потврди во соопштение дека Ал Ата бил убиен во својот дом, предупредувајќи дека „Израел преминал преку сите црвени линии“
Палестинската управа објави дека Израел му кажал на функционерот за врска со палестинските територии дека сите премини од Газа во Израел ќе бидат затворени на неодредено време.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи