Трет скејтбординг натпревар ONE MORE TRY Skopje

Под покровителство на Град Скопје викендов на неколку локации низ градот ќе се одржи третиот Скејтбординг натпревар ONE MORE TRY Skopje. Станува збор за еден малку поразличен скејт настан, кој се одржува еднаш годишно и е единствен од ваков тип во регионот. Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти.
Скејтерите денеска ќе се натпреваруваат на две локации. Првата локација е кејот на Вардар, под Камениот мост, каде ќе се одржи класичен „Cash4Tricks” натпревар. Висината на наградата ќе зависи од сложеноста, стилот и успешното слетување на трикот. Потоа натпреварот ќе продолжи на новоотворениот полигон Pump Track кај Олимписки базен, каде ќе се наградуваат најбрзите.
Утре пак ќе се одржи демо сесија од неколку мини игри на спортското игралиште на поранешната спортска сала „Партизан“ во Градскиот парк.
Ново на Сител
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
-

Иран и САД влегуваат во клучна рунда преговори во Женева
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-

Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
