-->
-->
Трет дуел од финалето меѓу МЗТ Скопје и Куманово
-->
Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, попладнево ќе се одигра третиот натпревар од плејоф финалето.
Овојпат домаќин ќе биде актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
На првите две средби домашниот терен не беше предност за екипата која играше предн своите симпатизери, па резултатот во победи е израмнет 1:1.
На натпреварот број 1 во Скопје победа оствари Куманово со 87-84, додека пред три дена во Куманово се разуваа кошаркарите на МЗТ Скопје кои победија со 82-75.
Сезонава МЗТ Скопје и Куманово одиграа вкупно шест натпревари, а двете екипи остварија по три победи.
Вечерашниот трет дуе од финалето кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ ќе започне од 19 часот.
Следниот меч во Куманово ќе се игра во петок (27 мај), додека евентуалата мајсторка на програмата е закажана за во Скопје на 29 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори