Тренов: Заев ги излажа земјоделците, ќе им ги крати субвенциите
Заев ги излажа земјоделците. Тој ќе им ги крати субвенциите. Заев едно ветува во кампања, друго прави кога е на власт.
Заев пред избори ги излажа земјоделците. Тој во кампања рече: „Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака“, ова се зборовите на Зоран Заев на митинг на СДС во Неготино од 28.11.2016 година.
Само 10 месеци подоцна Зоран Заев јавно кажува дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да можат да остварат поголемо производство за 10% од претходната година.
Македонските земјоделци се фрапирани со која леснотија Заев од позиција на власт вели: - „Немаш бе брат субвенции оти си на исти обем на производство од лани“!
Ова е потценување на илјадници земјоделци, чиј основен извор на егзистенција е земјоделието. Сега од позиција на власт гледаме како јавно ги понижува земјоделците.
Лицемерието на Заев е разоткриено. Граѓаните ќе го казнат Заев за сите манипулации и за сета штета која и ја нанесува на државата, и на економијата, на претстојните локални избори на 15-ти октомври.
Ромео Тренов/ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден