Тренчевска: Пакетот антикризни мерки се носи во период кога им е најпотребен на граѓаните
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека антикризните мерки што го усвои Владата не се за предизборни цели, туку за поддршка на граѓаните во услови кога се уше намалување на последиците од енергетската и ценовната криза
-Овие 26 мерки што се дел од деветтиот пакет на антикризни мерки не се донесени за предизборие, туку за граѓаните, за младите, за стопанството и за јавната администрација. Со овој пакет на антикризни мерки, особено во делот на ранливата категорија на граѓани ќе бидат опфатени приближно 440 илјади граѓани млади, ученици од основно и средно, студенти, лица кои примаат одредени социјални права и пензионери со ниски пензии, рече Тренчевска, на новинарско прашање.
Голем број пензионери, посочи таа, се задоволни со финансиската помош што ќе ја даде Владата. Од 336 илјади пензионери не очекуваме дека секогаш сите ќе поддржуваат одредена политика на Владата. Ова не е пакет мерки со финансиска помош на граѓаните пред изборите, туку е наменета во периодот кога имаме зголемени трошоци за енергенси секој во семејството, кога сѐ уште ги чувствуваме последиците од енергетската и ценовната криза, така што е наменета за поддршка на граѓаните, нагласи Тренчевска.
Ако погледнеме наназад, додаде таа, ќе се види дека и минатата година кога далеку бевме од избори, во декември беше донесен Законот за финансиска поддршка на ранлива категорија граѓани и оваа година е донесен нов пакет на антикризни мерки и ќе се донесе повторно закон како ќе се имплементираат мерките што се посочени кон ранливите категории на граѓани.
За мерките под надлежност на Министерството за труд и социјална политика нема да се аплицира и помошта ќе биде исплатена на сметките на опфатените лица сигласно евиденциите на институциите.
-За МТСП во делот на мерките што ние ги менаџираме, лицата со попреченост, децата со попреченост, самохрани родители кои примаат гарантирана помош и за пензионерите нема да има апликација, согласно евиденцијата на МТСП и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе си добијат средства на нивните трансакциски сметки. Секако ако некој смета дека е исклучен, ќе има право да си поднесе приговор или жалба, рече Тренчевска.
Очекува во наредните денови да се објави информација за начинот на кој ќе се аплицира за најавената финансиска поддршка на учениците и студентите.
Верувам дека во текот на наредните денови ќе имаме информација за на кој начин и каде учениците во основните и средните училишта ќе можат да аплицираат за мерката што се однесува за нив и за студентите за мерката што се однесува за нив. Верувам дека начинот на апликација ќе биде едноставен за да можеме во декември да почнеме со имплементација на финансиската поддршка токму за младите, изјави министерката Тренчевска, која учествуваше на 9. Меѓународна Конференција посветена на жената Ромка и Жените патувачи во организација на Советот на Европа и Владата.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл