-->
-->
Трансферот на Погба во Јунајтед ги руши сите рекорди!!!
-->
Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе биде најскапиот фудбалер во светот по преселбата од Јувентус во Манчестер Ј.
Според италијанските медиуми висината на трансферот ќе биде 120 милиони.
Јувентус првично ја одбил понудата од 101 милион но откако Погба изјавил дека сака да замине од клубот се продолжило со преговорите а Јувентус побарал сума од 125 милиони.
Преговорите се во тек и најверојатно дека ќе падне договор за 120 милиони пишува Газета дело Спорт , весник кој е во сопственост на фамилијата Ањели која управува со Јувентус и е сопственик на ФИАТ.
Од оваа сума 100 милиони се за Јувентус а 20 за фудбалерот и менаџерот.
Овој трансфер ќе го сруши досегашниот рекорд од 100.8 милиони за трансферот на Бејл во Реал.
Пред четири години Погба, без обесштетување го напушти Манчестер Јунајтед, откако го одби договорот кој му го понуди Алекс Фергусон.
Грешката на сер Алекс сега Јунајтед ќе го чини околу 120 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати