Трамп за повикот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер, во однос на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за непосредни разговори меѓу Москва и Киев, рече дека тоа би бил “потенцијално голем ден за Русија и Украина”.
„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно „крвопролевање“ ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет.”
“Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека тоа ќе се случи. САД сакаат наместо на тоа (војна) да се фокусираат на обнова и трговија. Пред нас е голема“, објави Трамп на Трут Соушл.
Рускиот претседател Владимир Путин, исто така вчеравечер, на прес-конференција предложи Русија и Украина да остварат директни преговори, “без никакви предуслови” на 15 мај во Истанбул.
Тој изјави дека лично ќе се обрати до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги организира разговорите.
Рускиот лидер додаде дека Русија е насочена кон спроведување сериозни преговори со Украина со цел да се отстранат главните причини за судирот.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал