Трамп вели дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја поддржува „новоназначената палестинска технократска влада“ на Газа.
„Како претседател на Советот за мир, ја поддржувам новоназначената палестинска технократска влада: Националниот комитет за управување со Газа, поддржан од високиот претставник на Советот, да управува со Газа за време на преодниот период“, напиша Трамп во објава на Truth Social. „Овие палестински лидери се непоколебливо посветени на МИРНА иднина!“ додаде тој.
Во меѓувреме, новата преодна влада на Газа, составена од палестински експерти, се состана за прв пат во Каиро синоќа, објави провладиниот египетски медиум Ал-Кахера њуз.
Технократите разговараа за следните чекори по започнувањето на втората фаза од мировниот план на Трамп за Газа со поранешниот претставник на ОН за Блискиот Исток, Николај Младенов, соопштија извори блиски до разговорите.
Средбата е прва од серијата подготвителни состаноци. Темите што ќе се дискутираат вклучуваат идното управување со Појасот Газа и реконструкцијата на крајбрежната енклава.
Технократите се членови на владата кои ги заземаат своите позиции првенствено врз основа на нивните професионални квалификации и искуство, а не на нивната партиска припадност, објави ДПА.
Разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа е дел од втората фаза што ја објавија САД.
Ново на Сител
-

Возачите да внимаваат, одрон повторно на автопатот Скопје-Велес
-

На Артан Груби му е одреден куќен притвор и одземање на патна исправа
-

Изменет сообраќаен режим денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци, клучка Петровец и клучка Аеродром
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
