Трамп утре ќе разговара со високи претставници на Конгресот пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада

Американскиот претседател Доналд Трамп планира утре во Белата куќа да се сретне со четворицата високи претставници на Конгресот, еден ден пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада.
Тој ќе разговара со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, и лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, како и со лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер.
Демократите, главно во Сенатот, одбија да гласаат за да се донесе мерка за финансирање што ќе им овозможи на федералната влада и на нејзините подредени агенции да продолжат со работа. Во спротивно на полноќ во среда ќе настапи привремено запирање на нивната работа.
Демократите веруваат дека имаат влијание и бараат клучни здравствени одредби во замена за нивните гласови, забележуваат агенциите. Тие сакаат да ги прошират субвенциите што им помагаат на луѓето со ниски и средни приходи да имаат здравствено осигурување според Законот за достапна заштита. Демократите, исто така, се залагаат за укинување на скратувањата во програмата Медикејд, кои беа вклучени во главниот буџет на републиканците. Републиканците велат дека тие барања се неприфатливи и се подготвени да разговараат за нив со демократите одделно од дискусиите за финансирање на владата. Републиканската партија бара седумнеделно продолжување на сегашното финансирање.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
