Трамп: Укинувањето на миграцискиот указ може да и наштети на безбедноста во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер напиша дека доколку го загуби поведениот судски предмет за миграцискиот указ, земјата никогаш нема да може да има безбедност и сигурност, на кои таа има право, соопштија американските медиуми.

Федералниот Апелациски суд на државата Вашингтон ги разгледува поведените спорови за указот на Трамп за имиграцијата, вклучувајќи ја и привремената забрана за влез во САД на граѓаните од седум држави со доминантно муслиманско население.
Апелацискиот суд го оспори тврдењето на Владата дека забраната е мотивирана заради стравувањата за тероризам, но под прашање го стави и аргументот на обвинителот дека таа е насочена против муслиманите, што е спротивно на Уставот.
„Доколку САД не го добијат спорот никогаш нема да можеме да имаме безбедност и сигурност, на кои имаме право. Политика!“, напиша Трамп на Твитер претходно денеска.
Ново на Сител
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
