Трамп: Сите политички затвореници во Венецуела ќе бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сите политички затвореници во Венецуела на крајот ќе бидат ослободени, бидејќи неговата администрација ги продлабочува врските со вршителот на должноста претседател на земјата, Делси Родригез, јави ДПА.
„Ќе ги извадиме сите“, им рече Трамп на новинарите во Вашингтон пред да замине за Кина.
И покрај американската воена операција во јануари што резултираше со апсење на авторитарниот лидер Николас Мадуро, стотици критичари на владата остануваат притворени во Венецуела, наведуваат групите за човекови права, пренесува ДПА.
Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, беа уапсени во Каракас и однесени со авион во Њујорк, каде што се соочуваат со судење по обвиненија за трговија со дрога.
Родригез, поранешна потпретседателка, ја презеде власта привремено по отстранувањето на Мадуро и оттогаш соработува со Вашингтон по прашања, вклучително и извозот на нафта.
Трамп ја пофали Родригез, велејќи дека таа работи „одлична работа“ и дека Венецуелците се ентузијастички настроени кон промените во земјата.
Но, опозициските групи продолжуваат да бараат пошироки демократски реформи, вклучително и слободни избори и ослободување на сите политички затвореници.
Организацијата за човекови права „Форо Пенал“ вели дека повеќе од 600 политички притвореници се ослободени од јануари, иако над 450 се уште се во притвор, пренесува ДПА.
Не е објавен распоред за нови избори во оваа јужноамериканска земја, која ги поседува најголемите докажани резерви на нафта во светот, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
