Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре

Американскиот претседател Доналд Трамп по денешните разговори со својот украински колега Володимир Зеленски во Давос изјави дека неговата порака до рускиот лидер Владимир Путин е дека „војната во Украина мора да запре“.
Трамп ги оцени разговорите со Зеленски како „добри“, но не откри детали за нивната содржина. Средбата, која траеше околу еден час, доаѓа по неколкунеделна интензивна дипломатија во која Киев се соочува со притисок од Вашингтон за постигнување мир.
– Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е долг процес, изјави Трамп, додавајќи дека американски пратеници се очекува подоцна денеска да пристигнат во Москва.
Претходно неделава, Зеленски најави дека ќе отпатува во Давос само доколку потпише договори за американски безбедносни гаранции и финансирање за повоена обнова, но по денешната средба нема јасни знаци за таков пробив. Украина во моментов се соочува и со тешка енергетска криза поради руските напади врз инфраструктурата.
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави дека е постигнат голем напредок. Виткоф, заедно со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, денеска треба да се сретне со Путин во Москва за да разговараат за можен план за прекин на војната.
МИА
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
