Трамп планира значително кастрење на УСАИД и програмите за странска помош
Претседателот Доналд Трамп планира драматично да го скрати буџетот за Стејт Департментот и УСАИД за помош на странски држави, по обвинувањата дека овие програми биле користени за промовирање на политички и идеолошки цели на администрацијата на Барак Обама. Паралелно со најавите дека буџетот за армијата ќе се зголеми за 54 милијарди долари, доаѓаат најави дека буџетот за помош за странство ќе се намали дури за 30 проценти.
Стејт Департментот и програмите за помош на странски држави годишно чинат околу 50 милијарди долари. Кабинетот на претседателот Трамп работи на подготовката на неговиот прв буџет, и се очекува детали за идните буџетски кастрења и расходи да бидат најавени при неговото денешно обраќање пред Конгресот. Од администрацијата веќе најавија дека некои од одделенијата кои беа формирани или проширени во мандатот на претседателот Обама и секретарката Хилари Клинтон, ако на пример за заштита на правата на ЛГБТ заедницата и проектите за женски права, ќе бидат трајно укинати, додека Стејт Департментот ќе се префокусира на борба против исламистичкиот тероризам.
Новиот државен секретар Рекс Тилерсон се уште не ги именувал своите клучни заменици и помошници, откако претходно дојде до масовно отпуштање на водечките лица во Стејт Департментот. Службата за односи со јавност на Стејт Департментот нема одржано некоја од препознатливите прес конференции за светски прашања уште од мандатот на Обама, што дополнително ги поттикна коментарите во Вашингтон дека Стејт Департментот засега е исклучен од работата на администрацијата на Трамп кој надворешната политика ја води директно од Белата Куќа, преку Советот за Национална Безбедност.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога