Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува Илон Маск да открие милијарди долари злоупотреби и измами во Пентагон како дел од истрагата која ќе ја спроведе Одделот за владина ефикасност што тој ја предводи.
– Ќе му кажам многу брзо, можеби во следните 24 часа, да провери во Министерството за образование. Потоа вооружените сили. Да ја проверам војската. Ќе најдеме злоупотреби и измами во вредност од милијарди, стотици милиони, рече Трамп за време на телевизиско интервју за Фокс њуз, зборувајќи за Пентагон.
Буџетот на американското Министерство за одбрана е приближно трилион долари годишно. Во декември, тогашниот претседател Џо Бајден потпиша нацрт-закон со кој се одбруваар 895 милијарди долари за одбрана за фискалната година која завршува на 30 септември.
Маск, за кој Белата куќа вели дека е специјален државен службеник, доби задача од Трамп да ги педводи активностите за намалување на работната сила во федералните служби на САД. Како дел од оваа иницијатива, соработниците на Маск се обидуваат да добијат пристап до доверливи информации во компјутерските системи на различни владини агенции.
Критичарите велат дека тоа е веројатно незаконски, се ризикува откривање на доверливи информации и ефективно се уништуваат цели агенции без одобрение од Конгресот.
Советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц во интервју за Ен-Би-Си сугерираше дека постапките за изградба на бродови на Пентагон, кои тој ги опиша како „апсолутен хаос“, би можеле да бидат од особен интерес за Одделот за владина ефикасност, што го предводи Илон Маск.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата