Трамп: Нема да бидам диктатор ако се вратам на власт, освен првиот ден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека доколку се врати на власт во 2025 година, нема да биде диктатор „освен првиот ден“.
Ова го изјави за „Fox News“, на прашањето дали ќе возврати ако се врати во Овалната соба, пренесува Политико.
Како што објасни, тој ќе биде диктатор, пред се во однос на затворањето на границата.
„Покрај тоа, јас не сум диктатор“, рече тој.
За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека доколку Трамп се врати на власт, тој ќе биде диктатор и дека ќе се поклонува на неистомислениците.
За време на интервјуто, Трамп го критикуваше американскиот специјален советник за климата Џон Кери за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да се затворат.
„Кина гради една електрана на јаглен неделно, огромни електрани на јаглен и тоа го прават автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме се што можеме. Имаме држава, мораме да ги активираме нашите фабрики. Ветерот нема да ги активира нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да се запре. Тој ја уништува нашата земја“, рече Трамп и додаде дека Кери секаде патува со приватен авион додека, како што рече, зборува за борбата против климатските промени, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
-

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура
-

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим
-

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти
-

Фаустин-Арчанг Туадера се кандидира за трет претседателски мандат на изборите во ЦАР
-

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд
-

Утрово најстудено во Берово, „најтопло“ на Попова Шапка
-

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма
