Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија.
Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на американско-израелската воздушна војна против Иран на 28 февруари. Тој, исто така, изјави дека размислува за повлекување на САД од Алијансата.
Интерен имејл на Пентагон, за кој повеќе западни медиуми известија минатата недела, наведува опции со кои САД би ги казниле сојузниците од НАТО за кои сметаат дека не ги поддржале американските операции во војната со Иран, вклучително и исклучување на Шпанија од Алијансата. Трамп, кој претходно месецов разговараше за можноста за „повлекување на дел од американските трупи од Европа“, во средата изјави дека неговата администрација разгледува намалување на силите во Германија и дека одлуката „ќе биде донесена наскоро“.
На прашањето дали би размислил и за повлекување на американските сили од Италија и Шпанија – две земји кои исто така беа критички настроени кон војната со Иран – Трамп одговори: „Веројатно. Зошто да не? Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија е ужасна, апсолутно ужасна“.
Минатиот месец Трамп се закани со целосно трговско ембарго на САД против Шпанија, откако таа одби да им дозволи на американските сили да ги користат нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.
Заклучно со декември 2025 година, САД имале нешто повеќе од 68.000 активни војници постојано распоредени во бази во Европа, од кои повеќе од половината – околу 36.400 – се наоѓаат во Германија.
МИА
Ново на Сител
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
