Трамп критикуван од муслиманските организации за навредата кон конгресменот Шумер кого го нарече Палестинец
Американскиот претседател Доналд Трамп беше критикуван од водечките американски муслимански граѓански организации за користење на терминот „Палестинец“ како навреда на лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер, велејќи му дека „повеќе не е Евреин, туку Палестинец“.
„Употребата на терминот ‘Палестинец’ како расна навреда е под достоинството на канцеларијата на Трамп. Тој треба да им се извини на Палестинците и на американскиот народ, изјави Нихад Авад, извршен директор на Советот за американско-исламски односи.
Трамп се обиде да го навреди Шумер додека зборуваше со новинарите во Овалната соба, седејќи со ирскиот премиер Мајкл Мартин.
„Шумер е Палестинец. Порано беше Евреин. Веќе не е. Тој е Палестинец“, рече Трамп, притоа давајќи забелешки за демократите во Конгресот, војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас. Трамп и претходно го нарече Шумер Палестинец и „горд член на Хамас“.
Извршната директорка на Еврејскиот демократски совет на Америка (JDCA) Хали Соифер рече дека Трамп нема право да одлучува кој е Евреин. „Овие коментари се одвратни и време е да се каже она што е – Доналд Трамп е расипан антисемит и исламофоб, поради што огромното мнозинство еврејски гласачи никогаш нема да го поддржат“, рече таа.
Во Овалната соба, Мартин беше прашан дали како лидер на една од трите европски земји кои ја признаваат државата Палестина, заедно со Норвешка и Шпанија, „ќе го информира претседателот за неговите ставови за Газа“.
„Не морам да го информирам претседателот. Тој е многу добро упатен за целата ситуација“, рече Мартин. Запрашан за неодамнешниот предлог на Трамп дека Палестинците треба да ја напуштат Газа за САД да можат да ја обноват земјата, Трамп истакна дека никој не ги протерува Палестинците.
Ново на Сител
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн