Трамп ќе го посети „Алигаторскиот Алкатраз“ - центар за притвор на мигранти во Флорида

Објектот се наоѓа на писта во Националниот парк Еверглејдс во најјужниот дел од државата.
Белата куќа посочи дека новиот центар ќе биде исклучително безбеден, со оглед на фактот дека е „опкружен со алигатори“.
Објектот, кој се наоѓа 80 километри западно од Мајами, може да прими до 5.000 луѓе.
Создавањето на центарот предизвика протести поради неговото потенцијално влијание врз деликатниот екосистем во областа и критики дека Трамп сака да испрати остра порака до потенцијалните мигранти. Некои локални лидери на Индијанците, исто така, се спротивставија на изградбата на објектот, тврдејќи дека земјата е света.
Центарот се наоѓа во мочурлива област преполна со комарци, питони и алигатори.
Објектот веќе го доби прекарот „Алигаторски Алкатраз“, по митскиот затвор на остров во близина на Сан Франциско, Калифорнија, од кој бегството се сметаше за речиси невозможно.
На почетокот на мај, американскиот претседател ја објави својата намера повторно да го отвори Алкатраз.
Строгите гранични мерки и строгата имиграциска политика долго време се политички заштитен знак на Трамп.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
