Трамп ја повика Северна Кореја да седне на преговарачка маса
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да седне на преговарачка маса за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Трамп пораката ја упати од заедничката прес-конференција со јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин во Сеул, велејќи дека Северна Кореја непотребно им се заканува на милиони и милиони луѓе во регионот.
- Време е да дејствуваме итно и со голема решителност. Северна Кореја е закана за целиот свет и потребна е реакција од целиот свет. САД се подготвени да се одбранат себеси и своите сојузници со севкупниот наш воен капацитет, кој е неспоредлив со капацитетите на другите држави, изјави Трамп, кој ги повика Кина, Русија и другите држави да помогнат во справувањето со нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја.
Трамп најави дека во наредните денови три американски носачи на авиони, „Нимиц“, „Реган“ и „Рузвелт“, како и нуклеарна подморница и други бродови ќе учествуваат на големи воени вежби со флотите на Австралија и на Јужна Кореја.
- Ќе ја покажеме нашата сила. Се молиме на Господ никогаш да не мора да ја употребиме, изјави Трамп.
Трамп претходно ја посети Јапонија, уште една американска сојузничка земја која стравува од севернокорејските оружени програми, особено откако Северна Кореја лансираше ракети над Јапонија.
Претседателот Мун изјави дека со Трамп разговарале за зголемено воено присуство на САД во регионот и за цврст заеднички став кон заканите од Северна Кореја.
Трамп ја отпочна својата посета на Јужна Кореја во воената база Хамфриз, каде се распоредени дел од 30-те илјади американски војници кои се на служба во Јужна Кореја. Овие војници служат како прва линија на одбрана на Јужна Кореја од евентуален севернокорејски напад.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива