Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа

Американските сенатори доцна синоќа постигнаа привремен договор со кој треба да се стави крај на буџетската парализа што трае веќе 40 дена и која блокираше дел од јавните услуги, јавија американските медиуми. Но, ситуацијата дополнително се искомплицира денеска со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летови кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата.
За потсетување, минатата недела беа откажани илјадници летови, а само денеска американските авиокомпании откажаа над 1.500 летови.
Трамп им порача на сите контролори на летање преку својата социјална мрежа Truth Social дека мора веднаш да се вратат на работа. Тој им се закани со казни на оние кои нема да го сторат тоа, а истовремено на оние кои продолжиле да работат за време на блокадата им вети дека ќе бидат наградени со бонус од 10.000 долари.
„Сите контролори на летање мора веднаш да се вратат на работа!!! Секој што нема да го стори тоа ќе биде строго казнет. За оние контролори на летање кои беа ГОЛЕМИ ПАТРИОТИ и не зедоа СЛОБОДНИ ДЕНОВИ за време на „измамата за затворање на демократите“, ќе препорачам БОНУС од 10.000 долари по лице за извонредна служба кон нашата земја.
За оние кои само се пожалија и зедоа слободни денови иако сите знаеја дека ќе бидат платени ВО ЦЕЛОСТ кратко потоа, НЕ СУМ ЗАДОВОЛЕН СО ВАС. Не им помогнавте на САД против ЛАЖНИОТ ДЕМОКРАТСКИ НАПАД кој имаше само за цел да ѝ наштети на нашата земја. Ќе имате негативна оценка, барем според мене, за вашата претходна работа. Ако сакате да ја напуштите службата во блиска иднина, слободно направете го тоа, БЕЗ никакви плаќања или отпремнина! Брзо ќе бидете заменети со вистински патриоти кои ќе работат подобро на СОСЕМА НОВА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА, најдобрата во светот, која моментално ја нарачуваме. Претходната „администрацијата“ потроши милијарди долари обидувајќи се да поправи застарени „кршови“. Немаа претстава што прават!
Повторно, до нашите големи американски патриоти, БОГ ДА ВЕ БЛАГОСЛОВИ – не можам доволно брзо да ви префрлам пари! До сите други, ПОЧНЕТЕ СО РАБОТА СЕГА. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП.“
Затворањето на владата, кое трае рекордни 40 дена, доведе до недостиг на контролори на летање, кои, како и другите вработени во федералната влада, не се платени со недели. Американскиот Сенат доцна синоќа се приближи кон донесување закон за завршување на владината блокада.
ФАА од петокот им наложи на авиокомпаниите да ги намалат своите дневни летови за четири проценти на 40 главни аеродроми поради загриженост за безбедноста на воздушниот сообраќај. Намалувањата на летовите ќе се зголемат на шест проценти во вторник, а потоа на 10 проценти на 14 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
